Мобилни програми
Ве чекаат 4 работи за симнување. Сите за оние кои се движат а не се одлепуваат од компјутер: Firefox, FileZilla, NVU и ClamWin.
Portable ClamWinПреносна верзија на познатиот истоимен антивирусен пакет кој ќе ви овозможи скенирање на компјутерот директно од USB диск. Оваа верзија на пружа резидентна заштита но помага во лоцирање и отстранување на потенцијалните пакосници. Нови дефиниции презема од интерет и е одличен во оспособување на "ранети" системи. ТУКА
Portable NVUЛесен за користење web editor сличен на Frontpage или Dreaweaver. Се разбира, нема поддршка за многу напредни опции ама затоа ќе ви помогне "во од" да едитирате и решите едноставни ситуации. Базиран е на Gecko енџин како и Фајрфокс, има вграден FTP, избор на бои, табови, поддршка за едитирање CSS-a итн... ТУКА
Portable FileZilla
Доколку некаде на брзинка морате да користите FTP менаџер, доволно е од својот USB диск да ја подигнете оваа преносна верзија на популарната FileZille, која ќе ви овозможи полна функционалност како и стандардната верзија на програмот. Освен поддршка за сите поважни формати на пренос, постои и поддршка за пренос на податоци во обете насоки. ТУКА
Освен на загорените Експлорџии, на оние кои сакаат моќни и функционални браусери, ќе им се допадне оваа мобилна варијанта. Освен што овозможува користење на речиси сите функции како и "инсталираната" верзија, оваа ќе ви пружи шанса со себе да ги носите своите букмарзи и подесувања. ТУКА
0 comments:
Post a Comment